Connect with us

Габриел Жесус: Бернардо Силва беше фантастичен, мене ми остана да реализирам

Манчестер Сити успеа да го совлада Пари Сен Жермен со 2-1 на Итихад“ и го освои првото место во групата од Лигата на шампионите. Тимот на Пеп Гвардиола го направи пресвртот во вториот дел, откако во игра влезе Габриел Жесус. Претходно, ПСЖ имаше предност со голот на Килијан Мбапе.

По влегувањето на Габриел Жесус, тој прво асистираше за Стерлинг, а потоа и самиот се запиша во листата на стрелците. Сепак, Бразилецот големи заслуги му припиша и на Бернардо Силва.

„Благодарност за Бернардо. Ги знам неговите квалитети, чекав и на крајот излезе одлично. Тоа беше фантастично додавање од Бернардо и јас едноставно морав да реализирам. Драго ми е дека му помогнав на тимот да оствари една голема победа“, изјави Бернардо Силва.

Advertisement

Facebook

Тимови