Фулам приреди изненадување на „Олд Трафорд“ и по подобро изведените пенали (3-4, 1-1 по регуларниот дел и продолженијата) успеа да се пласира во четвртфиналето на ФА купот.
Првиот дел од натпреварот донесе цврста игра без многу возбудувања, но гостите сепак успеаја да поведат во самиот финиш. Во 46. минута, Калвин Баси постигна гол со глава по изведен корнер, носејќи му водство на Фулам.
Во второто полувреме, Манчестер Јунајтед ја презеде иницијативата и стигна до израмнување во 71. минута. Бруно Фернандеш беше стрелецот, откако прецизно шутираше по додавање на Диого Далот.
Во завршните моменти од натпреварот, Чидози Оби пропушти две огромни шанси – една во 101. минута, а потоа и во продолженијата, но голманот Бернд Лено со своите интервенции го задржа Фулам во игра.
Со оглед дека немаше победник по 120 минути игра, победникот се одлучуваше преку пенал-рулетот. Во првите три серии сите фудбалери беа прецизни, но потоа Линделоф промаши за Јунајтед. Фулам ја искористи шансата преку Робинсон, а потоа Лено го одбрани ударот на Зиркзе, обезбедувајќи му на својот тим место во следната фаза од натпреварувањето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Едерсон го „зацрни“ Фенербахче (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Интер со крупни чекори ита кон Скудетото (ВИДЕО)













