
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска (14 часот) го пречекува Азербејџан на арената „Тодор Проески“. Тоа е последен натпревар за националниот тим во 2022 година и убава шанса да се затвори годината со триумф.
Селекторот Благоја Милевски ќе ги нема на располагање Бојан Миовски поради повреда и Езгјан Алиоски, кој е ослободен поради приватни причини.
„Ние на секој натпревар играме да победиме, се надевам така ќе биде и против Азербејџан. Знам дека Азебејџан добро не скаутирал, но се надевам дека нашиот квалитет ќе излезе на површина и ќе стигнеме до победа. Јас инсистирав на вакви противници, различни и квалитетни, Финска е топ репрезентација, Азербејџан игра навидум поразличен фудбал, но нивните последните натпревари потврдуваат дека имаат квалитет, очигледно е дека селекторот добро си ја работи работата. Имаат одлични индивидуалци и се агресивни. Ние ги анализиравме слабостите што се појавија на мечот со Финска и верувам дека денеска ќе одиграме уште подобро“, изјави селекторот Благоја Милевски.
Фудбалерот за врска Енис Барди вели дека атмосферата е добра и покрај евидентниот замор, а целта е да се оствари победа.
„Фаворити во фудбалот денеска нема , на нас е да одиграме максимално добро, ја анализиравме средбата со Финска, треба да ги поправиме малите грешки што ги имавме, се надевам на позитивен резултат со Азербејџан. Противникот е физички силен, ние ќе ги нападнемеи сакаме да дојдеме до победа за поголема самодоверба и со успех да ја завршиме годината“, изјави Енис Барди.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Милан со пресврт го победи Калјари (ВИДЕО)

Прва лига
ФК Вардар: Доста беше!

Прва лига
ФК Вардар: Доста беше!

Евро-фудбал
Арда Ѓулер повторно се повреди

Втора лига
Суспендиран теренот на Башкими

Евро-фудбал
Руди Гарсија доби ултиматум од Наполи

Евро-фудбал
Милан со пресврт го победи Калјари (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Мајорка ја сопре Барселона (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Севилја ја декласира Алмерија (ВИДЕО)
