
Фудбалската репрезентација на Македонија до 15 години забележа нов пораз со 0-3 од соодветната селекција на Хрватска на втората контролна средба одиграна меѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски”.
Македонија преку Емини во 14. минута прва се закани поголот на Хрватска. Во 27. минута, противникот поведе со 1-0, автогол постигна Аксентиев. Емини во 42. минута ја имаше најдобрата можност за Македонија, но неговиот удар заврши покрај голот.
Во продолжението, избраниците на селекторот Илами Исејни преку Стојанов и Селими се заканија по голот на Хрватска, но голманот на гостите и во двете ситуации одлично интервенираше. Драго Шкерго во 69. минута го зголеми водството на Хрватска. Три минути подоцна Иван Чалета ги постави конечните 3-0.
Македонија: Михајло Павлов, Матеја Масев, Лука Спироски, Павел Стојанов, Илија Аксентиев, Виган Таири, Огнен Сивевски, Адриан Велески, Александар Полимац, Медин Емини, Аммар Зенделовски;
Селектор: Илами Исејни

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го освои „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)
