Давиде Фратези беше емотивен и трогнат по завршувањето на епската победа на Интер против Барселона (4-3), со која клубот се пласираше во финалето на Лигата на шампионите. Херојот на натпреварот, кој го постигна победничкиот гол, изјави:
„Бев на работ да се онесвестам од среќа! Ми се вртеше во главата, едвај издржав. Им благодарам на физиотерапевтите – вчера имав проблеми со стомачните мускули, но тие направија сè за да бидам подготвен.“
Фратези, кој и во четвртфиналето против Баерн Минхен постигна победнички гол во надополнувањето на времето, уште еднаш ја покажа својата способност да се појави во најважните моменти.
„Неверојатно е. Мислев дека тоа што го доживеав против Баерн не може да се повтори, но ова беше уште посилно. Тоа е убавината на фудбалот. Целата кариера ми е таква. Немам вонсериски талент, но сум последниот што се откажува и првиот што верува. Ова е награда за трудот и посветеноста“, истакна Фратези.
На крајот, откри и што се случувало додека Интер се бореше за израмнување.
„Кога израмнивме на 3-3, му реков на Маркус да не се грижи – дека ќе се пласираме во финалето. Бев изморен уште пред да влезам на теренот, затоа што цело време викавме и живеевме со тимот. Буквално игравме заедно со нив!“
Интер сега се подготвува за ново финале во Лигата на шампионите, четврто во историјата на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













