Франција ја победи Белгија со 2-0 и се врати на победите орткако претходно доживеа пораз од Италија во Лигата на нации. Интересно е дека селекторот Дидие Дешамп ги седна на клупата за резерви Килијан Мбапе и Антоан Гризман и тоа на крајот се покажа како добар момент.
Коло Муани во 29. минута донесе водство за Франција, а конечните 2-0 ги постави Осман Дембеле со голот во 57. минута.
Италија славеше против Израел со 1-2. Давиде Фратези и Моисе Кеан обезбедија предност од два гола за „аѕурите“, а единствениот погодок за Израел го постигна Абу Фани.
Во Лигата Б, Словенија го победи Казахстан со 3-0, а Турција беше подобра од Исланд со 3-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













