Холандија е најголемиот фаворит во групата каде што се наоѓа и Македонија на Европското првенство. Селекторот на „лалињата“, Франк де Бур почна со плановите и сериозно се заигра „весела математика“.
„По првите два меча мислам дека ќе обезбедиме пласман во осминафиналето на ЕВРО. Украина ќе ја победиме со 3-1, потоа Австрија ќе ја победиме со 2-1, и на крајот ќе славиме против Македонија со 3-0. Но, ако подобро размислам, можеби би било подобро ако загубиме против Македонија. Системот е таков, костурот не води кај ривал од „групата на смртта“, каде што се Франција, Португалија и Германија, ако го освоиме првото место. Но, ако завршиме како третопласирани ќе имаме многу полесен противник. Можеби идеално би било да сме второпласирани“, изјави Франк де Бур.
Холандија ќе ја пречека Македонија на 21 јуни во Амстердам. Претходно, нашиот национален тим ќе дебитира на европските првенства на 13 јуни против Австрија, а четири дена подоцна ќе игра против Украина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













