Connect with us

Флорентино Перез: Важно е Барселона да се врати на своето ниво

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез беше исклучително задоволен од триумфот на неговиот тим над Ајнтрахт Франкфурт од 2-0 во Суперкупот на Европа. Тој го изрази своето задоволство од развојот на тимот, работата на Карло Анчелоти, она што му претстои на тимот, но и можноста за евентуална замена за Карим Бензема.


„Имавме добра сезона и овој Суперкуп не израдува многу. Прво треба да се заслужи да се биде дел од овој меч, а потоа да се победи. Имаме одличен тим, што е резултат на многу напорна работа на сите во клубот. Анчелоти одлично го води тимот, тој е многу важен дел од нашиот успех и новата сезона ја започнуваме со оптимизам. Трансфери? Бензема е незапирлив, но и ако биде сопрен, тогаш имаме толку многу други момци што можат да постигнат гол. Златната топка? Мислам дека Бензема ја заслужи со своите настапи. Во новата сезона Не можеме да освоиме се, но ќе работиме да продолжиме да ги радуваме навивачите што е можно повеќе“, изјави Флорентино Перез.

Претседателот на „кралскиот клуб“ е среќен што и Барселона се враќа на голема врата.

„Барселона? Има сезони во кои секој тим прави подобро или полошо, но Барса е еден од најважните клубови во светот и важно е да се врати на своето ниво, што ќе биде добро за сите, за целиот светски фудбал“, изјави првиот човек на Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови