
По повеќе од 20 години на чело на Реал Мадрид, претседателот Флорентино Перез почнува да размислува за својот наследник. Според „Релево“, Перез веќе започнал да бара најсоодветна личност која еден ден ќе го преземе управувањето со еден од најпопуларните спортски клубови во светот. Тој ќе добие нов мандат на претседателската функција со оглед дека е единствен кандидат, но ќе започне интензивна потрага по својот наследник.
Се очекува дека во рок од една година да има одлука за својот избор и активно ќе работи на подготовка на наследникот, пренесувајќи му го своето искуство.
Перез, кој за два месеца ќе наполни 78 години, очигледно започнува да размислува за повлекување од големата сцена.
Моментно, тој го води клубот во својот втор мандат како претседател, кој започна во 2009 година. Претходно, тој беше на чело на Реал Мадрид од 2000 до 2006 година. Во тој период, само фудбалскиот тим освои 37 трофеи, вклучувајќи седум титули од Лигата на шампионите и седум титули од Ла Лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
