
Најтрофејниот македонски клуб Вардар пред истекот на 2023 година доби значајна финансиска помош од Град Скопје. „Црвено-црните“ за тоа упатија јавна благодарност до градоначалничката Данела Арсовска и до советниците.
„Во името на клубот се заблагодаруваме на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како и на сите советници, кои едногласно ја донесоа и спроведоа одлуката за доделување на финансиска помош за најголемиот фудбалски клуб – ФК Вардар.
Упатуваме благодарност и до нашата верна навивачка група ,,Комити Запад“ која во текот на целиот изминат период, неуморно работеше на реализацијата на донесената одлука.
По сите перипетии, ова е прва голема победа и доказ дека искрената приказна која народот веќе подолг временски период ја создава, станува се повеќе препознатлива и привлечна.
Оваа одлука несомнено ќе влијае позитивно, пред се врз фудбалерите, врз стручниот штаб, но и врз оние кои во моментов ги менаџираат сите работи поврзани со клубот, а кои без разлика на сѐ, ќе продолжат волонтерски да си ги извршуваат своите функции.
Веруваме дека соработката ќе продолжи и во наредниот период и дека ќе биде поттик за сите останати општествени чинители, за да се приклучат кон борбата за клубот на народот.
За крај, би сакале на сите навивачи на клубот, но воедно и на сите граѓани на Република Македонија, да им ја честитаме новата 2024 година. Нека биде победничка за нашиот Вардар, нека биде црвено-црна!“, истакнаа од ФК Вардар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
