Connect with us

Фирмино и Александер – Арнолд „засилувања“ за Ливерпул

Ливерпул полека ги комплетира редовите за продолжението од Премиер – лигата и Лигата на шампионите. Менаџерот Јирген Клоп може да смета и на Трент Александер – Арнолд и на Роберт Фирмино за натпреварот против Брентфорд. Трент ги пропушти натпреварите со Кристал Палас и Норич во Купот.


„Трент не беше повреден. Тој беше болен. Тој се врати во четвртокот, работеше со полна пареа и се е во ред со него“, изјави Клоп.

Ситуацијата со Фирмино е нешто посложена. Бразилскиот фудбалер не игра од репрезентативната пауза во септември, кога ги повреди препоните.

„Боби тренира со тимот веќе три дена. Го користевме како џокер на тренинзите. Најверојатно ќе настапи на натпреварот против Брентфорд, а за дуелот со Порто во Лигата на шампионите ќе биде стопроцентно подготвен“, објасни менаџерот на Ливерпул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови