Шкупи има одличен пролетен старт, го доби и шампионот Шкендија во минатото коло, а сега тргнува и по скалпот на Вардар. На денешниот дуел во Маџари, составот од Чаир ќе се обиде да ја продолжи позитивната низа, а Филип Ристовски верува во успех против „црвено-црните“.
„Го респектираме Вардар, но и веруваме во сопствените квалитети. Играме во добра форма, а нашата цел е излез во Европа. Посакуваме нови три бода и ќе сториме за да ги освоиме и против Вардар“, изјави Филип Ристовски.
Вардар на минатиот меч како домаќин славеше против Македонија ЃП. Избраниците на Александар Васоски се надеваат дека ќе го сопрат победничкиот чекор на Шкупи. Мечот се игра на стадионот „Борис Трајковски“, со почеток во 14.30 часот.
ПРВА ЛИГА, 23.КОЛО (14.30 Ч.)
ВАРДАР – ШКУПИ
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС
ПОБЕДА – РЕНОВА
МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













