Дефанзивецот Филип Најдовски е нов фудбалер на Вардар. Тој денеска стави потпис на четирогодишен договор со „црвено-црните“, а Вардар со него ја отвори серијата потписи на нови фудбалери кои ќе следат во наредниот период.
„Понудата од Вардар едноставно не се одбива, тоа е мојот втор дом. Сакаме Вардар повторно да се врати на старите патеки“, изјави Филип Најдовски при потписот на договорот.
Најдовски после четири години се врати во Вардар, откако настапуваше за најтрофејниот клуб од 2018 до 2020 година, а потоа беше интернационалец во првенството на Албанија.
Вардар денеска во 17 часот ќе ги почне и подготовките за новата сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рафа Бенитез ќе биде нов тренер на Панатинаикос













