
Светската фудбалска федерација (ФИФА) денес ја потврди одлуката за домаќинството на двете наредни светски првенства во 2030 и 2034 година, по гласањето на 211 членки.
Светското првенство во 2030 година ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Мароко, но со таа разлика што првите три натпревари ќе се одиграат во Јужна Америка.
Тие натпревари ќе бидат во Уругвај, Аргентина и Парагвај, како омаж на првото Светско првенство во 1930 година, кое се одржа во Уругвај.
Дополнително, беа почитувани и споменатите јужноамерикански нации кои поднесоа заедничка кандидатура, заедно со Чиле, кој во оваа „комбинација“ отпадна од трката за домаќинство на Мундијалот.
Светското првенство четири години подоцна ќе се одржи во Саудиска Арабија, што значи дека по Катар во 2022 година, Блискиот Исток повторно ќе биде домаќин на најголемиот спортски настан во светот во 2034 година.
Ова е резултат на бројните напори на Саудиска Арабија со принцот Мохамед бин Салман, кој вложи огромни финансиски средства, што донесе бројни контроверзии.
Саудиска Арабија беше единствениот кандидат откако Австралија и Индонезија се откажаа од заедничката кандидатура за домаќинство на првенството во 2034 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан

Интернационалци
Елиф Елмас е на чекор до враќање во Наполи
