
Ал-Хилал ја загуби големата ѕвезда Нејмар до крајот на сезоната. Бразилецот заработи тешка повреда за време на квалификацискиот меч за Светското првенство против Уругвај и ќе биде опериран.
Арапскиот клуб ќе добие голема отштета од ФИФА за повредата на напаѓачот, со оглед дека ја заработи за време на репрезентативен натпревар.
Светската централа ќе мора да му плати отштета на неговиот клуб, која според „Essentially Sports“ би можела да достигне 8 милиони евра. Услов за обештетување е опоравување на играчот од најмалку 28 дена, а во случајот со Нејмар тој ќе паузира најмалку 6 месеци.
ФИФА ја покрива отштетата најмногу една година, а висината на обештетувањето достигнува 7,5 милиони евра. Максималната сума за обештетување на играч по ден е 20.548 евра, велат експертите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
