Македонскиот прволигаш Вардар е казнет со 5.000 евра од ФФМ поради пиротехника на западната трибина за време на натпреварот против Струга ТЛ во Првата фудбалска лига. На овој натпревар „Комитите“ скандираа и против актуелното раководство, но и против дел од фудбалерите на Вардар.
Натпреварот заврши со победа на Струга ТЛ со 1-4, а згора на тоа Вардар сега ќе мора да плати иу парична казна.
„Заради пиротехничкото “шоу” на навивачката група „Комити“ на натпреварот против Струга Трим Љум, ФФМ го казни АД ФК Вардар со парична казна од 5.000 евра“, стои во објавата на Вардар на социјалната мрежа „Икс“.
Заради пиротехничкото “шоу” на навивачката група Комити на натпреварот против Струга Трим Љум, ФФМ го казни АД ФК Вардар со парична казна од 5.000 евра. pic.twitter.com/azsbnt03h3
— FCVardar (@VardarFC) October 17, 2024
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













