
Струга Трим Лум се спаси од пораз (2-2) против Брегалница дома, Шкупи испушти триумф против Македонија ЃП (1-1) во Ѓорче Петров, а и Шкендија одигра 1-1 против Силекс во Кратово.
Работнички и се реваншира на Академија Пандев за убедливиот пораз во Скопје и славеше со 0-2 на стадионот „Младост“ во Струмица, а и Тиквеш ја победи Победа со 1-0.
Струга ТЛ поведе со одличниот погодок на Хоган Укпа во 22. минута. Тој испрати проектил од 30 метри и го совлада Шчекиќ. Сепак, Брегалница израмни во 24. минута со голот на Ѓорѓи Ѓорѓиев.
Дефанзивецот Александар Ристевски во 52. минута го сврте резултатот во корист на штипскиот тим, но израмни Бесарт Ибраими од пенал во 80.минута. Притоа Себастијан Херера беше исклучен.
Адама Самаке со прекрасен гол донесе реми за Македонија ЃП на дуелот против актуелниот првак Шкупи. Претходно, пред крајот на првиот дел, Сандеј Адетунџи донесе радост за составот од Чаир.
Силекс и Шкендија ремизираа 1-1 во Кратово. Повторно Љупќо Дориев беше стрелец за Шкендија.
Анес Рушевиќ во 19.минута погоди за предност на Работнички против Академија Пандев во Струмица, а во вториот дел триумфот го потврди Гандо Биала.
Тиквеш со голот на Даниел Карчески во 37.минута освои нови три бода триумфирајќи против Победа.
ПРВА ЛИГА, 13.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ 1-1
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – БРЕГАЛНИЦА 2-2
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 1-1
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 0-2
ТИКВЕШ – ПОБЕДА 1-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мохамед Кудус пред трансфер во Тотенхем

Интернационалци
Јани Атанасов се врати во Краковија

Евро-фудбал
Тами Ејбрахам ќе потпише за Бешикташ

Евро-фудбал
Луис Енрике: Одигравме перфектен меч

Евро-фудбал
Баерн во голеадата поуспешен од Фламенго (ВИДЕО)

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
