Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета (26) за четири наводни прекршувања на правилата за обложување.
Бразилецот е обвинет дека намерно сакал да добие жолт картон за време на четири натпревари во Премиер – лигата во 2022 и 2023 година.
„Наводно тој (Пакета) директно сакал да влијае… на овие натпревари намерно сакал да добие жолт картон од судијата со несоодветна цел да влијае на пазарот за обложување со цел едно или повеќе лица да профитираат од обложувањето“, се вели во соопштението на ФА.
Пакета, кој има рок до 3-ти јуни да одговори на обвиненијата, негираше каква било злоупотреба.
— Lucas Paquetá (@LucasPaqueta97) May 23, 2024
„Крајно сум изненаден и вознемирен што ФА одлучи да ме казни“, рече тој во изјавата и на Инстаграм и на „Х“.
„Девет месеци соработував во секој чекор од нивната истрага и ги дадов сите информации што можам. Ги отфрлам сите обвиненија во целост и ќе се борам со секој здив да го исчистам моето име. Поради тековниот процес, нема да давам дополнителни коментари“, изјави Лукас Пакета.
Вест Хем потврди дека ги примил обвиненијата.
„Клубот ќе продолжи да стои на страна и да го поддржува играчот во текот на целиот процес и нема да дава дополнителни коментари додека не се заврши комплетната истрага“, се вели во соопштението на Вест Хем.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Вирц и Мусијала, новите германски идоли
Овој турнир е навистина инспиративен! Во 10-тата минута од првиот натпревар, голот на Флоријан...
Автор makfudbal
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Фудбалот е богатство, различност, демократија, и може да ве направи бесмртен
ФУДБАЛОТ Е ЕВРОПСКА ИГРА Фудбал се игра насекаде низ светот, но Европа со сигурност...
Автор makfudbal