
Евертон успеа да обезбеди опстанок во Премиер – лигата откако го оствари потребниот триумф (1-0) против Борнмут во последното коло. Абдулаје Докоре во 57.минута беше стрелец на победничкиот погодок за „карамелите“ на овој меч.
Лестер го победи Вест Хем со 2-1, но на крајот заврши 18. позиција, која води во Чемпионшип. Лидс беше поразен од Тотенхем со 1-4, а Саутемптон и Ливерпул во голеада одиграа 4-4.
Брентфорд во последното коло го победи новиот-стар шампион Манчестер Сити со 1-0, со голот на Етан Пинок во 86.минута.
Гранит Џака со два гола се прости од дресот на Арсенал во убедливиот триумф (5-0) над Вулверхемптон. За „топчиите“ стрелаа и Букајо Сака, Габриел Жесус и Јакуб Кивиор.
Манчестер Јунајтед го победи Фулам со 2-1. Тете донесе предност за гостите, а потоа Де Хеа му одбрани пенал на Митровиќ. „Ѓаволите“ славеа со головите на Џејдон Санчо и на Бруно Фернандеш.
Астон Вила го победи Брајтон со 2-1, а Челси и Њукасл одиграа 1-1.
Манчестер Сити, Арсенал, Манчестер Јунајтед и Њукасл се пласираа во Лигата на шампионите, Ливерпул и Брајтон ќе играат во Лига Европа, а Астон Вила во Конференциската лига на УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski