Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди, го раскина договорот со Трабзонспор и како слободен агент ќе бара нова средина оваа зима. Тој би можел да се врати во Шпанија, со оглед дека за него сериозен интерес покажуваат Еспањол и Рајо Ваљекано.
Енис Барди, кој имаше договор со Трабзонспор до јуни 2025 година, со можност за уште една дополнителна година, сега е слободен агент, што го стави на радарот на неколку клубови, како Еспањол. Клубот од Барселона има конкуренција во Рајо Ваљекано, Башакшехир и Ејупспор.
Барди од Леванте се пресели во Трабзонспор во август 2022 година. Турскиот клуб плати 3 милиони евра на Леванте за неговиот трансфер. Барди помина пет сезони со тимот од Валенсија, сите во Ла Лига, каде одигра вкупно 162 натпревари и постигна 24 голови.
За време на својот престој во Леванте, Барди одигра 148 натпревари во првенството, на кои постигна 23 голови и забележа 12 асистенции. Сега повторно би можел да се врати во Ла Лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора













