Connect with us

Ерлинг Халанд не може да оди од болки во грбот

Норвежанецот Ерлинг Халанд стана планетарна ѕвезда откако за само неколку месеци покажа дека е врвен голгетер, прво во Ред Бул Салцбург, а потоа и во Борусија Дортмунд. „Норвешкиот предатор“ постигна неверојатни 68 голови на 67 настапи за Борусија Дортмунд. Покрај талентот, Халанд се потпира и на својата физичка сила, а за некој кој е висок 194 сантиметри, тој е неверојатно брз, недостижен за ривалите. Но, се чини дека огромниот физички напор што го вложува полека го зема данокот.


Имено, овој 21-годишник е во очајна состојба и во моментов не може ниту правилно да оди, згора на тоа, едвај се движи. Тренерот на Борусија, Марко Росе зборуваше за деталите.

„Ерлинг се обидува да игра со денови, секој што го познава знае дека секогаш сака да игра. Започна во Гладбах и не заврши добро. Ми рече: „Би сакал да играм, но не можам да се движам онака како што сакам, едвај одам“, откри тренерот на Борусија Дортмунд.

„Тој е живо суштество, а не машина. Ако не може, тогаш не може. Треба да се опорави за клубот, но и за репрезентацијата. Одигравме два натпревари без него и сегашните работи не изгледаат добро. Така зборува Ерлинг цело време. Треба да се ослободиме од притисокот и да не се прашуваме секој ден што се случува. Треба да му дозволиме да закрепне“, потенцира стратегот на „милионерите“.

Халанд се повреди на тренингот на Борусија Дортмуинд пред гостувањето во Менхенгладбах. Тој не играше во Лигата на шампионите и на натпреварот во Бундес – лигата минатиот викенд. Во Дортмунд се надеваат дека ќе се случи чудо за време на репрезентативната пауза и дека младата суперѕвезда целосно ќе се опорави.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови