
Фудбалската јавност во Франција остана шокирана кога Луис Енрике на полувремето на дербито со Монако реши да го испрати Килијан Мбапе на трибините.
ПСЖ ремизираше без голови против Монако на гостински терен, а Луис Енрике реши на полувремето да го замени Ембапе со Коло Муани.
„Проблеми со Килијан? Доволно долго сум во фудбалот за да знам дека сѐ е многу важно. Порано или подоцна ќе бидеме принудени да играме без него и затоа ги разгледувам опциите кои се најдобри за тимот. Дали промената беше казна? Мојот одговор е ист како и досега. Мојата работа е да носам одлуки и мојата филозофија е секогаш да го ставам тимот на прво место. Нема контроверзи“, изјави Луис Енрике.
ПСЖ во вторник му гостува на Реал Сосиедад во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, а останува да се види дали Мбапе ќе биде стартер на тој натпревар. Парижаните победија со 2-0 во првиот меч на „Паркот на принцовите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
