Нејмар сепак нема да настапи за Бразил во мартовските квалификации за Светското првенство 2026, иако беше најавуван неговиот голем кам-бек во репрезентацијата по пауза од една и пол година.
Фудбалерот на Сантош се здоби со повреда минатата недела, а медицинскиот тим на репрезентацијата потврди дека тој не е подготвен за враќање во националниот тим.
Наместо него, селекторот Доривал Жуниор го повика младиот напаѓач на Реал Мадрид, Ендрик.
Бразилците ги очекуваат два тешки натпревари против Колумбија и Аргентина, а 18-годишниот Ендрик ќе има нова шанса да се докаже во националниот дрес.
Иако по летниот трансфер во Реал Мадрид не добива многу минути кај Карло Анчелоти, во Бразил немаат дилеми дека станува збор за неверојатен талент.
Ендрик во мај ќе наполни 19 години, а досега има 13 настапи и три постигнати гола за селекцијата на Бразил.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













