Левиот бек Енди Робертсон се опорави од повредата и се враќа во тимот на Ливерпул за претстојниот домашен натпревар од Премиер – лигата против Шефилд Јунајтед. Натпреварот е закажан за утревечер на стадионот „Енфилд Роуд“.
Шкотланѓанецот имаше проблем со скочниот зглоб кој го заработи за време на репрезентативната пауза, но сега е подготвен за игра, потврди менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп.
Во исто време, германскиот стручњак потврди дека Жоел Матип, чиј договор со клубот истекува на крајот на сезоната, најверојатно нема да игра повеќе за Ливерпул.
Матип се повреди на почетокот на декември и мораше да оди на операција на коленото.
Камерунецот веќе прави вежби со трчање, но неговото опоравување ќе трае долго.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













