Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој е нов играч за врска на Торино, ги сподели своите очекувања за новата авантура во Италија.
Елмас како позајмен фудбалер од Лајпциг дојде во Торино, а вели дека голема улога во одлуката одиграл и Горан Пандев.
„Ќе дадам сѐ од себе за тимот. Торино има фантастични навивачи и огромна историја. Веднаш ја прифатив понудата, благодарение на разговорот со Горан Пандев, мојот поранешен капитен и соиграч во репрезентацијата. Разговаравме кратко и ми рече да побрзам со потписот. Му благодарам на него и на градот што ме прифатија тука. Сега сум на располагање на тренерот Ваноли за новите предизвици. Јас сум човек кој живее со емоции и страста на тренерот ја почувствував уште од почетокот. Во тимот има одлична атмосфера, составен е од многу добри момци и тука се сите предуслови за успешен втор дел на сезоната“, изјави Елмас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













