Фудбалерот на Бохум, Агон Елези, не го крие задоволството што повторно е дел од националниот тим и потенцираше дека Македонија ќе атакува на првото место во групата од Лигата на нации.
„Мило ми е што повторно сум дел од репрезентацијата. Во тимот владее позитивна атмосфера. Нашата цел е првото место. Почеток на сезона сме и сите момци се максимално подготвени и се желни за добар резултат“, вели Елези.
Македонија на 7. септември ќе гостува на Фарските Острови.
„Фарски острови е многу незгоден ривал. Мора да се прилагодиме на нивната подлога со вештачка трева, но верувам во моите соиграчи и во позитивен резултат. Македонија во оваа група цели кон првото место со оглед на нашиот квалитет имаме право да веруваме“, истакна Елези.
После дуелот со Фарски Острови, Македонија ќе биде домаќин на Ерменија на 10 септември во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими се засили и со Фатјон Јусуфи













