
Натпреварот ос Малта е најдобрата прилика да покажеме дека резултатот со Италија не е случаен и дека оваа репрезнтација вреди вели Агон Елези, членот на А-составот кој доби шанса поради отсуството на Аријан Адеми.
„Овој натпревар е сосема друга приказна. Ќе биде натпревар во кој ние треба да наметнеме темпо, свој ритам, да потврдиме дека резултатот против Италија не беше случаен. Нормално дека сега ќе биде потешко, бидејќи ние треба да играме со топка, да креираме многу шанси, но јас не се сомневам во овие момци. Овие момци покажаа многу пати дека можат да се носат со секаков притисок и затоа уверен сум дека против Малта сите ќе дадеме свој максимум и ќе дојдеме до позитивен резултат. А позитивен резултат се три бода. Ние секогаш влегуваме на терен за три бода, тоа е факт, а утре е најдобрата прилика уште еднаш да покажеме дека Македонија вреди, има квалитет и дека Македонија може да се носи против секаков тип на екипи. Се надевам на три бода“, вели Елези.
Македонската репрезентација пред утрешната пресмтка со Малта има четири бода по четири одиграни натпревари во квалфикациската група во која Англија е лидер пред Украина и Италија. Малта, без бодови, е на последното бесто на табелата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
