Connect with us

Елче го доби шестиот тренер во сезоната

По разделбата со Пабло Мачин, Елче го најде својот шести тренер во сезоната.


Аргентинскиот стручњак Себатиан Бечаечече (42) ќе го води последнопласираниот тим во Примера до летото 2024 година.

Некогаш просечниот десен бек во аматерските лиги на Аргентина имаше интересна тренерска кариера, почна во своите тинејџерски денови, а на 23 години го привлече вниманието на Хорхе Сампаоли, на кого тогаш му беше асистент.

Наводно, во 2010 година го одбил Марсело Биелса да му биде помошник во чилеанската репрезентација, а на Сампаоли му бил асистент до 2018 година кога ги презеде аргентинските Дефенса и Хустисија.

Потоа ги водеше Индепендиенте и Расинг, пред да се врати во Дефенса и Хустисија во 2021 година.
Во тој клуб остана до септември минатата година, а сега првпат доби можност да работи во Европа, и тоа во Елче кој веќе со едната нога е Сегунда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови