Connect with us

Екс-фудбалер на Шалке лажирал сопствена смрт и од осигурување наплатил еден милион фунти

Поранешниот играч на Шалке, Хианик Камба е осуден на четири години затвор, откако ја лажирал сопствената смрт во сообраќајна несреќа во Конго. 35-годишниот Камба, а исто така и неговата сопруга, која е пријавена само како „Кристина фон Џи“ поради законите за приватност, добија три години и десет месеци затворска казна откако беа осудени за измама откако животното осигурување им исплатило еден милион фунти поради неговата наводна смрт.


Автомобилската „несреќа“ – за која се тврди дека се случила во јануари 2016 година – се случила откако Камба се вратил во родното Конго.

Три години подоцна, беше откриено дека Камба е жив во Рур, Германија, а „Билд“ објави дека работел како хемиски техничар во компанија за снабдување со енергија.

„Билд“ вчера објави дека обвинителот во случајот верува дека планот бил смислен од брачната двојка и дека првично тие се обиделе да склучат план за осигурување во вредност од 3,36 милиони фунти.


Во извештајот се додава дека адвокатот на Камба рекол дека тој никогаш не видел исплатени пари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови