Connect with us

Еден од синовите на Марадона тврди дека татко му е убиен

Диего Марадона, светскиот шампион со Аргентина од 1986 година, е убиен. Ова е мислењето на неговиот син Диего Марадона Јуниор кое го објави „Марка“.


„Постои истрага. Ние, неговите деца, навистина веруваме во аргентинската правда. Верувам дека работите не требаше да завршат вака. Тие го убија татко ми. Не е моја работа да подигнам обвинение и да барам кој го направил ова, но јас имам сомнежи. Тој беше оставен сам на себе кога нешто можеше да се направи. Си ветив дека до последните денови ќе се борам за правда“, рече тој.


Во 2022 година, аргентинското обвинителство отвори истрага против осум лекари. Тие се обвинети за убиство од небрежност на Марадона. Според исказите на сведоците кои го посетиле Марадона во неговиот дом, местото не ги исполнувало стандардите за рехабилтација на човек по голема операција.


Марадона почина на 61-годишна возраст на 25 ноември 2020 година. Причината за смртта е акутна срцева слабост.


Мародона беше фудбалер на аргентинските Аргентинос Јуниорс, Бока Јуниорс и Њуелс Олд Бојс, шпанските Барселона и Севилја, како и италијанскиот Наполи, чиј стадион го носи неговото име. Тој е шампион на Италија и победник на италијанскиот Куп, освојувач на Купот на Шпанија и Купот на УЕФА. Марадона има одиграно 687 натпревари на кои има постигнато 363 гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови