Connect with us

Ед Ширан одржа приватен концерт за англиските фудбалери (ВИДЕО)

Популарниот британски пејач Ед Ширан одржа приватен концерт специјално за англиските репрезентативци по нивниот пласман во четвртфиналето на Европското првенство. Англија драматично победи со 2-1 против Словачка по продолженија во осминафиналето.

Ширан ги посети играчите во нивниот камп во Бланкенхајн по тренингот во понеделник и ги поздрави со изведба, чиј видео запис беше објавен на платформата „X“.

33-годишниот Ширан беше забележан меѓу публиката при ремито 1-1 на Англија со Данска во групната фаза, како и при победата над Словачка во неделата.

Тој е долгогодишен приврзаник на Ипсвич и го прослави со тимот пласманот во Премиер – лигата во мај.

Ед Ширан исто така го посети тимот на Англија пред финалето на ЕВРО 2020 во Лондон, кое го загубија од Италија по изведување на пенали.

Англија ќе игра против Швајцарија во четвртфиналето во сабота во Диселдорф.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови