Македонскиот првак Струга Трим Лум утревечер (20 часот) го игра реванш натпреварот против Есперанж во третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Стружани имаат предност од 3-1 од првиот меч во Скопје, но тренерот Шпетим Дуро вели дека мора да размислуваат како да е 0-0.
„На овој натпревар доаѓаме со позитивен резултат, но ни остануваат уште 90 минути за игра. Мораме да ја заборавиме предноста и да играме како да е 0-0. Се надевам дека тимот ќе има уште еден добар настап во Европа, како што игравме добро на гости и против Жалгирис и против Будуќност. Веруваме дека утре домаќините ќе тргнат агресивно, тие нема што да загубат, а ќе сакаат да ја надоместат негативата. Сепак, ние сме подготвени за надигрување, имаме сила и тимски дух“, изјави Шпетим Дуро.
Буњамин Шабани истакнува дека тој и соиграчите се подготвени за максимална борба.
„Ќе мора да одработиме максимално, да трчаме многу и секако да ги исполниме задачите на стручниот штаб. Не е мала работа за Струга Трим Лум да обезбеди плеј-оф во Конференциската лига, сите сме насочени кон остварување на таа цел“, изјави Шабани.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski