Шампионот Струга Трим Лум загуби со 2-1 на гостувањето кај Гостивар. Тренерот Шпетим Дуро во својата анализа вели дека две грешки во одбраната во првото полувреме биле кобни за поразот на овој меч.
Струга ТЛ во Гостивар настапи без Бесарт Кривањева, а во вториот дел остана и без Сава Радич.
„Добро го започнавме натпреварот, одигравме добро во првите 30 минути од натпреварот. Мислам дека во овој период требаше да ги искористиме можностите за гол што ги имавме. Бевме казнети со два контранапади во првото полувреме, исто така поради грешки во одбраната. Дефинитивно се забележа отсуството на Кривањева. Тој е важен играч во тимот. Во вториот дел постигнавме гол и се вративме во игра, но жал ми е бидејќи во преостанатите 30 минути од натпреварот едноставно не можеше да се зборува за фудбал. Само прекини, паузи и неефективна игра, одложување на играта. Сепак, мора да реагираме и да се насочиме кон натпреварите што ги имаме“, изјави тренерот Шпетим Дуро.
Струга ТЛ во среда ќе го одигра одложениот натпревар против Вардар од четвртото првенствено коло.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













