
Младиот фудбалер на Ница, Алексис Бека Бека, според очевидци во моментов се заканува дека ќе изврши самоубиство. Седнат е на работ на вијадуктот на автопатот А8 кај Ница.
Растојанието до земјата е околу 100 метри.
Според непотврдени информации, 22-годишниот Французин паднал во депресија откако неговата девојка раскинала со него.

Бека Бека е во Ница од летото 2022 година, кога беше привлечен од Локомотив Москва за 14 милиони евра. Сезонава нема одиграно ниту една минута.
Како што пренесуваат француските медиуми, фудбалерот на Ница се заканува дека ќе скокне од вијадуктот Мањан на автопатот А8.
На местото на настанот се сите служби за итна помош, пожарникари и полиција, како и психолог испратен од клубот.
Како резултат на тоа, Ница ги откажа сите закажани медиумски обраќања планирани за денеска. Во тек е состанок на кризниот штаб на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
