Connect with us

Драма во „Дербито на Италија”: Интер поведе, Јуве израмни од пенал (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Италија, Интер и претходниот деветкратен освојувач, Јувентус, ремизираа во големото „Дерби на Италија” од деветтото коло во Серија А (1-1). Симоне Инзаги беше само на чекор да му го нанесе третиот пораз на Масимилијано Алегри сезонава, кој избра да ги остави на клупата двајцата најскапи играчи во својот тимот, Киеза и Де Лихт, а на нивно место, од првата минута, играа Кулушевски и Кјелини.

Погодок за домаќините беше дело на Един Џеко, кој го постигна својот осми гол во Серија А оваа сезона. Хакан Чалханоглу се обиде да го изненади Шчешни од голема далечина, но неговиот удар заврши во пречката од голот, а од таму директно се одби до Џеко, на кого му остана само да ја смести топката во противничката мрежа.

Но, кога сите сметаа дека натпреварот е веќе решен, дефанзивецот на “нероаѕурите”, Дензел Дамфрис направи невидена грешка при обидот да ја исфрли топката од својот шеснаесетник, удирајќи го Алекс Сандро во ногата. По консултации со ВАР-собата, судијата Маријани покажа на белата точка, а пеналот успешно го искористи Пауло Дибала за конечен резултат од 1-1.

Сето ова беше премногу за предводникот на тимот од “Џузепе Меаца”, па тој доби директен црвен картон и ќе ја пропушти средбата против Емполи в среда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови