
Крилниот напаѓач Џулијан Дракслер е нов играч на катарскиот Ал-Ахли, објави клубот кој го ангажираше од Пари Сен Жермен. Проценетата вредност на зделката е околу 20 милиони евра, а договорот на 29-годишниот играч е до летото 2025 година.
Дракслер со тоа станува вториот играч овој месец кој го напушта ПСЖ за да игра во Катар. Пред тоа истото го направи и Марко Верати, но се пресели кај конкурентот Ал-Араби.
النادي #الأهلي القطري💚🤍 يتعاقد رسمياً مع النجم الألماني دراكسلر لمدة موسمين
— النادي الأهلي الرياضي (@ahliqat) September 18, 2023
🔗: https://t.co/eUNPxNa32T pic.twitter.com/ITdtasPvQj
Интересно е што првично се мислеше дека поранешниот германски репрезентативец одбил да се приклучи на Ал-Ахли, но очигледно се предомислил.
Шампионот од Светското првенство во 2014 година им се приклучи на парижаните во 2017 година, кога за него му платија на Волфсбург 36 милиони евра. Дракслер одигра вкупно 198 натпревари за ПСЖ со 26 гола и 41 асистенција.
Минатата сезона беше на позајмица во Бенфика каде на 18 натпревари постигна само два гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
