
Пелистер е во лоша резултатска серија, но се надева дека ќе успее да тргне во позитивна насока по денешниот дуел против Академија Пандев во Струмица. Христијан Драгарски вели дека репрезентативната пауза е добро искористена за да се подобрат некои сегменти во играта на тимот. Но, теренот и првенствените пресметки се единственото мерило.
„Имаме пад во играта и тоа е видливо, но мислам дека оваа пауза ни беше добредојдена да се мобилизираме пред натпревар со Академија Пандев и да извлечиме максимум од ова гостување. Шансата ја гледаме во тоа што и противникот е во голем грч. Секој натпревар треба да биде мотивација сама по себе. Да се носи дресот на Пелистер значи гордост и за тоа не треба ни да се разговара. Пелистер оди да се надигрува и цели на три бода. Само со позитивен резултат можеме да излеземе од оваа блага криза која никој не ја посакува”, вели Драгарски.
Академија Пандев е во уште поголема криза, три порази на последните три првенствени меча.
Standings provided by SofaScore LiveScore

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)
