Работнички оствари важен триумф (1-0) над Академија Пандев во 22.коло од Првата фудбалска лига, а веќе в среда составот на Ратко Достаниќ го очекува нов предизвик, гостувањето кај Шкендија во Тетово.
„Победивме навистина квалитетен тим. Академија Пандев беше тежок ривал, покажа дека поседува несомнен квалитет иако во моментот се наоѓа во резултатска криза. Бевме поснаодливи, искористивме една шанса и мислам дека заслужено ги освоивме трите бода. За нас секој бод е многу значаен, знаеме дека пролетта ја стартувавме од последната позиција на табелата. Би сакал да им честитам на фудбалерите за залагањето и борбеноста, се радувам што тоа се силни адути на овој тим на Работнички. В среда не очекува нов предизвик, гостуваме на Шкендија и ќе одиме да се надигруваме. Така беше и на куп-натпреварот со тетовскиот тим, верувам дека имаме сили и потенцијал да извлечеме позитивен резултат и на следниот првенствен дуел“, изјави шефот на стручниот штаб, Ратко Достаниќ.
Работнички по 22.коло се наоѓа на деветтата позиција на табелата со 25 освоени бода.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал Мадрид повторно се заинтересира за Родри?
Евро-фудбал
Јувентус го доведе Зеки Челик од Рома













