Работнички успешно го стартуваше пролетниот дел од првенството славејќи минимално (0-1) на гости против Струга Трим Лум. Давид Тошевски беше стрелец на победничкиот гол, а тренерот Ратко Достаниќ дебитираше со триумф на клупата на „романтичарите“. Тој го потенцира тимскиот дух во играта на Работнички на стартот на пролетта.
„Мислам дека Работнички заслужено ги освои бодовите. Морам да им честитам на момците за борбеноста и тимскиот дух, тоа се постулатите што треба да ја красат играта на нашиот тим. Имавме проблеми и со грипот кај одредени фудбаолери, но и тоа успеавме да го надминеме. Сепак, нема еуфорија, за Работнички секој натпревар оваа пролет ќе биде многу важен бидејќи се наоѓаме на последната позиција на табелата. Се надевам дека ќе успееме тоа да го промениме со добри игри и успешни резултати“, изјави шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ за клупскиот сајт.
Во следното коло Работнички на домашен терен го пречекува составот на Шкупи.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Брозовиќ ќе го засили Бешикташ?
Евро-фудбал
Србија доживеа дебакл против Мексико (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Оливер Гласнер ќе биде нов тренер на Милан













