Ратко Достаниќ денеска го одржа првиот тренинг како стратег на Работнички, означувајќи старт на подготовките за вториот дел од сезоната. Целта на српскиот стручњак е јасна, да се најде излез од големата резултатска криза и изборување на опстанок откако „романтичарите“ првиот дел од сезоната го завршија на последното место на табелата.
„Почнуваме со напорна работа од самиот почеток, знаеме во каква ситуација е тимот на табелата и потребни ни се шест седмици сериозна работа за да го подготвиме тимот за вториот дел од сезоната во која не очекуваат големи предизвици. Ќе работиме до 30 декември, јас имам информации за квалитетот на фудбалерите, меѓутоа сакам уште од самиот почеток добро да се запознаеме и да се адаптираме во работата. Сакам и на тренинзите да ги видам квалитетите на секој поединец и согласно тоа да доведеме и одредени засилувања на неколку позиции. Можам да ветам напорна работа, голема чест ми е што сум дел од Работнички и верувам дека ќе успееме да бидеме многу поуспешни во вториот дел од сезоната“ – изјави Достаниќ по првиот тренинг со екипата.
Според планот на новиот тренер, тимот ќе го мине првиот дел од подготовките во Скопје, по што ќе замине за Анталија, каде ќе одигра неколку контролни натпревари.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Халанд: Мечот со Англија е специјален за мене
Втора лига
Баже Јанакиевски е нов тренер на Работнички













