Џанлуиџи Донарума беше ликот што најмногу зборуваше без да каже ништо – додека солзите му паѓаа по финалниот свиреж на „Алијанц Арена“, целата тежина на сезоната му се исцрта на лицето. ПСЖ го разнесе Интер со 5-0 во финалето и конечно стигна до толку посакуваната титула во Лигата на шампионите.
Во изјава за „Скај Спорт Италија“, италијанскиот голман не го криеше своето олеснување:
„Сите овие солзи се натежнати од емоции. Имавме тешка сезона. На моменти бевме на работ да испаднеме – губевме 0-2 дома против Манчестер Сити. Но, токму таму започна нашата вистинска борба. Од таму тргна нашата верба.“
Иако стануваше збор за натпревар кој за многумина би бил товар, за Донарума и соиграчите тоа било нешто сосема друго:
„Не се чувствуваше како финале. Бевме мирни, самоуверени. И тоа се виде на теренот – игравме како тим кој знае што сака, кој се движи компактно и не остава ни сантиметар простор. Тоа беше клучот. И беше некако многу лесно, иако беше финале.“
Тренерот Луис Енрике, како што откри Донарума, им дал на играчите најважното нешто – внатрешна слобода и спокој, што го претвориле во енергија на теренот.
Сезоната која за ПСЖ започна со сомнежи, заврши како бајка: три круни – Лига 1, Купот на Франција и Лигата на шампионите. За Донарума, ова е не само професионален врв, туку и лична победа по сите предизвици.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













