Македонскиот прволигаш Шкупи го доведе првото засилување оваа зима. Станува збор за 25-годишниот фудбалер, Дарко Додев.
Крилниот напаѓач до неодамна беше член на албанскиот клиб Влазнија, а во текот на кариерата играше и за Брегалница, Силекс, Тиквеш, Металург.
„Нема да ги разочарам луѓето кои ми дадоа шанса да играм за Шкупи. Примен сум на најдобар начин од моите соиграчи, а некои од нив добро ги познавам и кажаа добри работи за клубот. Се разбира, еден од причините зошто го одбрав Шкупи е фактот што секоја година е кандидат за титулата и се надевам дека оваа година ќе бидеме шампиони. Се разбира, тоа се исполнува со многу работа и ќе одиме чекор по чекор“, изјави Додев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













