Connect with us

Дијаш: Сега треба да бидеме силни, сѐ уште се бориме за трофеи во две натпреварувања

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Рубен Дијаш, го изрази своето разочарување од елиминацијата на тимот во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Манчестер Сити загуби од Реал Мадрид на пенали во реваншот на англиско тло.


„Навистина не знам што да кажам, тоа е разочарувачки. Доминиравме во текот на целиот натпревар, вложивме напори и имавме свои шанси. Дефинитивно е тешко да се прифати конечниот резултат”, изјави Дијаш.

Но, мора да се пронајдат сили да се продолжи понатаму, а мотивот се уште два трофеи.

„Единствениот начин сега е да продолжиме понатаму. Се боревме, но тоа не беше наш ден. Понекогаш топката оди во голот, понекогаш едноставно не сака. Мора да гледаме напред и за тоа што ни останува да се бориме. Сега е време да бидеме силни, особено психички, сѐ уште се бориме за трофеи во две многу важни натпреварувања“, истакна Португалецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови