Бразилскиот фудбалер Диего Рибас ја завршува кариерата. Тој има 37 години и ќе се збогува од фудбалот на 13 ноември кога ќе заврши бразилското првенство.
Порто прв го донесе во Европа, а две години подоцна замина во Вердер Бремен каде одигра неверојатни партии. Од Бремен се пресели во Торино, Јувентус за неговиот трансфер издвои огромни 27 милиони евра во 2009 година. Се шпекулираше дека ќе ја преземе легендарната „десетка“, но наместо тоа една сезона подоцна беше продаден на Волфсбург.
Следуваше трансфер во Атлетико, а ќе остане запаметен по голот во сезоната 2013/2014 во четвртфиналето на ЛШ против Барселона на „Камп Ноу“.
По Атлетико замина во Фенербахче, а во изминатите седум години ги носеше боите на Фламенго каде што ја носи капитенската лента.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













