Пауло Дибала веќе нема нерви да чека Јувентус да му ја зголеми понудата, па на лето ќе го напушти Торино, откриваат италијанските медиуми. Аргентинецот бара 10 милиони евра годишно, „старата дама“ нуди 7,5 милиони по сезона, а тоа е разлика која најверојатно ќе доведе до разделба.
Интер го чека со раширени раце, но Дибала реши поради добрите односи со навивачите на „бјанконерите“ да не се пресели во градот на модата. Ова откако како опција се појави Манчестер Сити, а тој со задоволство би дошол во клубот предводен од Пеп Гвардиола.
Парите не се проблем за „граѓаните“, па целата ситуација е повеќе од во корист на поранешниот фудбалер на Палермо. Јувентус наводно веќе подготвил замена, Николо Заниоло, офанзивецот на Рома.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













