Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли, изјави дека Душан Влаховиќ не е на продажба. „Скај спортс“ претходно објави дека претставници на Јувентус преговараат со Арсенал за трансфер на Влаховиќ на „Емирати“. Џунтоли го негираше сето тоа.
„Понуда на Арсенал за Влаховиќ? Не знаеме ништо за таа приказна, нема ништо таму. Влаховиќ не е на продажба“, изјави Џунтоли.
Влаховиќ (23) во Јувентус пристигна на почетокот на 2022 година од Фиорентина за околу 80 милиони евра.
Српскиот фудбалер оваа сезона одигра 16 натпревари за торинскиот клуб и постигна шест гола. Тој има договор со Јувентус до 30 јуни 2026 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













