
Сер Џим Ретклиф не планира да го отпушти Ерик тен Хаг од менаџерската позиција на Манчестер Јунајтед и покрај неодамнешните гласини околу иднината на Холанѓанецот. Позицијата на стратегот беше доведена во прашање поради лошите резултати на тимот оваа сезона, откако „црвените ѓаволи“ веќе претрпеа осум порази во сите натпреварувања.
Во последните денови беше објавено дека сер Џим Ретклиф, кој се подготвува да купи 25% од клубот, планира да го доведе Роберто Де Зерби од Брајтон како нов менаџер на тимот, а се споменуваа и Зинедин Зидан и Ханси Флик. Сепак, најновата информација од Островот е дека основачот и сопственик на „Инеос Груп“ не планира да го менува Тен Хаг.
Се очекува Ретклиф да ги преземе спортските операции во Манчестер Јунајтед по неговото пристигнување на „Олд Трафорд“, што најверојатно ќе се случи пред крајот на 2023 година. Се вели дека милијардерот е уверен дека актуелниот шеф може да ја сврти сезоната и верува дека дека ќе биде поуспешен ако работи со подобар кадар околу него. Сега е доведена во сериозна неизвесност иднината на главниот извршен директор Ричард Арнолд и директорот за фудбал, Џон Мурто.
Иднината на Тен Хег беше доведена во прашање по поразите од Манчестер Сити и од Њукасл во Премиер – лигата, односно Карабао Купот. Сепак, тимот се врати на победничките патеки против Фулам во саботата, постигнувајќи успех од 0-1 на „Крејвен Котиџ“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?
