
Пари Сен Жермен постигна договор со Џејдон Санчо за условите под кои тој би преминал на „Паркот на принцовите“. Парижаните се насочени кон 24-годишното крило како опција за замена на Килијан Мбапе и очигледно напредуваат во преговорите за неговото привлекување, открива „Спорт Зоун“.
Досега, за Санчо се сметаше дека речиси сигурно ќе замине од „Олд Трафорд“, откако во минатата сезона влезе во конфликт со менаџерот Ерик тен Хаг и беше испратен да ја заврши сезоната на позајмица во Борусија Дортмунд.
Последните денови, сепак, стана јасно дека тие двајца ги смириле односите и Санчо се приклучи на претсезонските подготовки на „црвените ѓаволи“. Но, клубот не ја исклучува можноста за евентуална продажба ако добијат доволно привлечна понуда. Тоа значи дека некој ќе треба да издвои најмалку 50 милиони фунти за овој фудбалер.
Иако Санчо е посакуван од ПСЖ, тој не е на првото место на листата на желби на тренерот Луис Енрике. Тренерот претпочита да ги донесе Дезире Дуе од Рен или Нико Вилијамс од Атлетик Билбао. Ако преговорите за нив не завршат успешно, тогаш ќе се пристапи кон официјална понуда за Санчо од Манчестер Јунајтед.
Покрај ПСЖ, Англичанецот е желба и на неколку други тимови. Во еден момент се сметаше дека е многу блиску до трансфер во Јувентус, но интересот на торинците се оладил по веста за помирувањето меѓу Санчо и Тен Хаг, како и премногу високата цена на играчот, која „бјанконерите“ не се подготвени да ја платат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
