
Капитенот Гранит Џака изјави дека силата на Швајцарија е во тимскиот дух и исклучителната сплотеност што ја демонстрираат на теренот. Тие го имаат својот најсилен настап на голем фудбалски форум и стигнаа до дуел со Англија во четвртфиналето на ЕВРО 2024, откако го елиминираа европскиот шампион Италија во првиот круг на елиминациите.
Швајцарија ќе се соочи со Англија од 18 часот денеска во Диселдорф.
„Единството. Верувам дека единството на овој тим, гладот, тоа е она што го прави швајцарскиот тим силен. Немаме играчи кои можат да постигнат повеќе од 30 гола, но имаме силни играчи, што значи дека секој може да се запише меѓу стрелците. Силата на овој тим е што сме како едно, се бориме многу и си зборуваме на теренот. Тоа е она што нè прави силни”, изјави Гранит Џака.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
