
Македонскиот второлигаш Детонит Плачковица реагираше за судиска неправда на мечот против Арсими кој денеска го загуби со 2-1 во Голема Речица. Клубот од Радовиш испрати соопштение за јавност во кое арбитражата ја нарече „судиски бандитизам“.
„Судиски бандитизам надвладеа денес над фудбалското небо во Македонија.
Ова што денес се случи во Голема Речица е невиден срам за ФФМ, Судиската комисија и самите судии водени од Дејан Младеноски.
Ова ја понижи самата Втора Македонска лига и рејтингот на сите екипи во неа.
Претрпената штета е огромна: погрешни жолти картони, монтиран пенал, погрешни офсајди, аути, слободни удари и за крај поништен гол и директен црвен картон.
Да не беше касно, денешното судиско сценарио ќе беше номинирано за Оскар.
Срамота невидена !
Срамота за фудбалот и за иднината на младите фудбалски таленти и генерации кои со мака ги гради оваа земја.
Со вакво судење нема фудбал драга ФФМ.
ОВА Е БАНДИТИЗАМ !
ЗАСРАМЕТЕ СЕ !
Управен одбор на
ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
Претседател: Јовица Трајчев

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
